Фото: принтскрин

Русија и Украина денеска, како резултат на преговарачкиот процес, разменија по 205 воени заробеници – соопшти руското Министерство за одбрана.

– Како резултат на преговарачкиот процес, 205 руски војници беа вратени од територијата која ја контролира режимот во Киев – соопшти руското Министерство.

Во исто време, руските сили ослободија 205 украински борци, а хуманитарни и медијациски напори беа обезбедени од Обединетите Арапски Емирати.