За жал, не знам што ќе биде во иднина. Многу соиграчи ми зборуваа и тие се тажни што морам да си одам. Само се обидувам да играм најдобро што можам, вели Де Брујне за „Скај спортс“

ДЕ БРУЈНЕ, ФУДБАЛЕР НА МАНЧЕСТЕР СИТИ

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, белгискиот интернационалец Кевин де Брујне (33) емотивно се збогува по 10 години исполнети со трофеи во клубот, а го почувствува тоа со долгиот пат околу теренот пред да се упати кон тунелот на стадионот. Де Брујне ќе си замине засекогаш налето кога ќе му истече договорот со Сити, но тука можеше да ужива во уште еден заслужен момент, неговиот претпоследен натпревар на „Етихад“. Де Брујне го постигна единствениот гол во триумфот со 1-0 над Вулверхемптон, кој се во одлична форма во Премиер-лигата, што може да му обезбеди на Сити да игра во Лигата на шампионите (ЛШ) идната сезона. Играчот од средниот ред минатиот месец изјави дека бил изненаден што не му бил понуден нов договор и сакаше да се изјасни за своите способности по натпреварот.
– За жал, не знам што ќе биде во иднина. Покажав дека сè уште можам да играм тука. Многу соиграчи ми зборуваа и тие се тажни што морам да си одам. Само се обидувам да играм најдобро што можам. Ми останува уште еден меч тука на овој терен. Се трудам да си ја извршувам работата како и секогаш и горд сум на тоа – изјави Де Брујне за „Скај спортс“.

ГВАРДИОЛА: БЛАГОДАРАМ ДЕ БРУЈНЕ

Де Брујнe несомнено ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи од средниот ред во Премиер-лигата кога ќе замине летово. Поранешниот играч на Челзи и Волфсбург освои сè што може да се освои со Сити, а тоа е импресивен број од 16 трофеи. Низата повреди си го зедоа данокот, а влијанието на Де Брујнe на теренот се чини дека се намалува, оти повредите си го зедоа својот данок, а влијанието на Де Брујне на теренот изгледа опаѓа, оти повеќе не е мајстор за додавања како некогаш. Но тој покажа дел од она што сè уште е способен да го постигне на теренот, давајќи го единствениот гол по центаршутот на Џереми Доку. Капитенот беше поздравен со овации кога беше заменет од Фил Фоден шест минути пред крајот, а Гвардиола го потапка по главата откако излезе од игра.
– Му благодарам. Во дуелот со Кристал палас кога губевме со 0-2, тој постигна гол, а сега повторно даде. Среќен сум што завршуваме така, а имаме уште еден меч на „Етихад“. Тој е неверојатен играч, но ситуацијата е таква каква што е. Речиси е невозможно да се замени ваков играч. Не е само настапот туку и она што тој многу значи за нашите навивачи со години. Мошне сум сигурен дека не му е лесно. Тој не мора ништо да докажува. Ги знам неговиот квалитет и ниво – истакна менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, за „Скај спортс“.

НЕПОТПИШУВАЊЕТО НОВ ДОГОВОР – ДЕЛОВНА ОДЛУКА

Последниот домашен меч на Де Брујнe ќе биде против Борнмут на 20 мај, а ќе игра натпревари на гости против Саутемптон и Фулам. А може да обезбеди крај од соништата, ако Сити го победи Кристал палас во финалето на ФА-купот.
– Би можел да биде со многу добри играчи што ќе играа овде. Можеби нема пресинг, но квалитет има и верувам дека сè уште може да игра на врвно ниво. Сепак, возраста те стигнува, а твоето тело не може да го прави она што сакаш да го прави. Но тој ја држи топката и неговата фудбалска интелигенција сè уште е тука. Зборувам како навивач и сум навивач на Де Брујне. Нешто во мене вели дека уште една година тој може да го прави тоа. Непотпишувањето е само деловна одлука – вели поранешниот дефанзивец на Сити, Мика Ричардс.
Де Брујне постигна 30 гола во Премиер-лигата откако наполни 30 години, а Серхио Агуеро и Јаја Туре се единствените играчи што постигнале повеќе за Сити (41). Тој стана првиот играч, по славниот Лионел Меси, што под водство на Гвардиола даде 92 гола со 158 асистенции во девет сезони. Во меѓувреме, Вулверхемптон ќе биде среќен да го види назад Де Брујнe, оти играчот од средниот ред сега постигна шест гола и имаше пет асистенции во 11 лигашки натпревари против нив. Но во текот на изминатите две сезони, Белгиецот одигра само 43 меча во Премиер-лигата поради серијата повреди.
Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер, смета дека Де Брујне сè уште е над елитните играчи во светот.
– Тој не мисли дека завршил на највисоко ниво и сè уште мисли дека може да игра на највисоко ниво во европскиот фудбал. Мислев дека можеби ќе оди во Саудиска Арабија или во САД, но откако го слушнав како зборува, се чини дека не е подготвен за тоа. Тој е еден од најплатените играчи во светскиот фудбал и многупати се повредуваше. Тој сѐ уште е ѕвезда, но нема да игра секоја недела. Ајде да зборуваме за статусот – за мене тој е најдобриот играч на Сити во неговата историја – рече Карагер, пишува „Би-би-си“. Г.И.