Фото: Маја Јаневска- Илиева

Претседателот на Собранието, Африм Гаши во сочувството по повод смртта на папата Франциск посочува дека смртта на папата е длабока загуба за целото човештво.

– Како духовен лидер на нашето време, тој ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓурелигиозниот дијалог, станувајќи симбол на посветеноста кон заедничкото добро. Со својата едноставност, со безусловната љубов кон човекот и природата, Папа Франциск допре до срцата на милиони луѓе низ целиот свет, надминувајќи верски, национални или идеолошки граници- истакнува Гаши.

Додава дека неговото наследство ќе остане водич за идните генерации за изградба на посправеден, помирен и поединствен свет.

– Во мое лично име и во име на Собранието на Република Северна Македонија, изразувам најискрени сочувства за оваа незаменлива загуба за католичкиот свет и за целото човештво. Нека биде вечен споменот за него! – се вели во сочувството на Гаши за Папа Франциско.