Фото: Пиксабеј

Ефикасно и брзо е пронајдено залутано лице кај Мрежичко на Кожуф, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во 13.15 часот денеска на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, добиена била пријава за залутано лице на планината Кожуф, во близина на селото Мрежичко.

– Лицето било планинар од Скопје, кое претходната ноќ ја преспало во планината. Поради лошите временски услови и наросувањето од снег, загубило ориентација и решило да побара помош од службите – појаснуваат од ЦУК.

Надлежните биле информирани од страна на ЦУК.

Како што наведуваат од ЦУК, со брза и координирана интервенција дошло до успешно пронаоѓање на лицето.

Во потрагата, меѓу другите, вклучен бил и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.