Фото: Пиксабеј

Научниците долго време претпоставуваа дека мегалодоните изгледаат како големи бели ајкули, но новото истражување сугерира дека тоа не е така. Мегалодоните можеби биле дури и поголеми отколку што мислевме, достигнувајќи и 24,3 метри во должина – 4,5 метри повеќе од претходните предвидувања. Овие масивни ајкули можеби биле и потенки отколку што првично се верувало, велат истражувачите.
– Претходните процени со помош на анализа на забите за да се предвиди големината покажаа дека ајкулата достигнала околу 18-20 метри – изјави коавторот на студијата, Филип Стернс.
Мегалодонот владеел со морињата на древната Земја. Целосни мегалодонски скелети никогаш не се пронајдени, па човечкото знаење за овие суштества доаѓа од фосилите на нивните крлушки и заби. Најголемиот фосил на мегалодон некогаш пронајден е дел од неговиот ’рбет долг 11 метри. Во една нова студија, истражувачите испитуваа фосили од мегалодон и ги споредија со повеќе од 150 живи и изумрени видови ајкули за да создадат подобра слика за тоа колку е голема оваа џиновска ајкула. Истражувачите ги споредиле пропорциите на мегалодонскиот труп со оние на 145 нови вида и 20 изумрени вида ајкули. Истражувачите процениле дека оваа единка можеби имала глава од 1,8 метар и опашка долга 3,6 метри. Сепак, најголемиот мегалодонски пршлен некогаш пронајден имал дијаметар од 23 сантиметри, што е 7,6 сантиметри поголем од најголемиот пршлен на ајкула. Истражувачите, исто така, го истражувале и обликот на мегалодонот. Фосилите од мегалодонските заби биле назабени и личеле на забите на денешните големи бели ајкули, што претходно ги наведе истражувачите да претпостават дека мегалодонот изгледал слично на големите бели ајкули.
– Претходните студии едноставно претпоставуваа дека мегалодонот мора да изгледа како џиновска верзија на денешната голема бела ајкула, без никакви докази – вели водечкиот автор на студијата, Кеншу Шимада, професор по палеобиологија на Универзитетот „Де пол“ во Чикаго.