Во своја анализа, уредникот на неделното издание на германскиот весник „Велт“, Жак Шустер, сугерира „Германија, Франција и Полска да направат воен сојуз, бидејќи ЕУ не е способна да ги замени САД како ефикасен воен поддржувач на Киев“
Европски интелектуалци и воени јастреби сугерираат воен пакт меѓу Германија, Франција и Полска за ефикасна воена помош на Украина
ЕУ со години си раскажуваше бајки за тоа дека е рамноправна со Американците и (неосновано) му наложуваше на остатокот од светот што може, а што не може… Ваква и слични констатации изнесе во својата анализа уредникот на неделното издание на германскиот весник „Велт“, Жак Шустер, додавајќи дека токму сега е очигледен „бумерангот по главата на Европа“, токму поради тој пристап.
– Европа нема сила да ѝ помогне на Украина, наведува германскиот новинар, споредувајќи го со повикот на последниот албански крал Зогу да се „одлее до последната капка крв“ кога Албанија беше нападната од фашистичка Италија, за потоа да избега од земјата со своите златни резерви.
За Европа да се справи со кризата на самодоверба, ремилитаризацијата не е доволна, но ЕУ „сега мора итно да стане надворешнополитички фактор“ – тврди уредникот на неделното издание на германскиот весник „Велт“, Жак Шустер.
Покрај воената сила, тврди германскиот новинар, на Европа ѝ е потребна и нова команда, која нема да функционира според моделот на бирократијата на ЕУ, каде што „поединечните држави можат да стават вето, како Унгарија, или да ги поделат работите, како Шпанија“.
Шустер забележува дека поминале само десет години од обединувањето на Германија до воведувањето на еврото и „воспоставувањето одбранбен сојуз со Франција, Полска и Германија како основачи би одело многу побрзо. Потребна е само политичка волја“, заклучува тој. Р.С.