ФУДБАЛ – РАНГ-ЛИСТА НА УЕФА
По првите осминафинални мечеви во Лигата на шампионите во вторникот, Англија ја зголеми предноста на врвот на табелата на Европската фудбалска унија (УЕФА), според која, во идната сезона две земји ќе добијат по едно дополнително место во најсилното европско клупско фудбалско натпреварување. Така, по првите четири средби од осминафиналето, Англија е прва со коефициент 21,464, а потоа се Шпанија со 19,321, Италија со 18,187, Германија со 16,171, Португалија со 16,050… За оваа табела на УЕФА се сметаат сите резултати на тимовите во сите три европски купа сезонава, Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига. Во минатата сезона најдобри беа Италија и Германија, а како петтопласирани во првенствата лани на тие две земји во Лигата на шампионите сезонава се пласираа Болоња и Борусија Дортмунд.
Н.М.