Фото: Пиксабеј

Повеќе од 10 лица се повредени во францускиот град Гренобл кога експлодирала граната фрлена во бар. Двајца се во тешка состојба, јавуваат француските медиуми.

-Еден човек влегол внатре, фрлил граната, очигледно без да каже збор, а потоа побегнал – изјавил за медиумите обвинителот Франсоа Туре де Куси, кој пристигнал на местото на настанот.

Има информации дека напаѓачот бил вооружен со автоматска пушка калашников, но тоа останува да се утврди. Според првичната проценка, штетата е предизвикана од експлозијата на граната, објасни обвинителот.

Експлозијата се случила нешто по 20 часот по локално време во областа на Олимпиското село во јужниот дел на градот.

Меѓу верзиите што се истражуваат е и трговијата со дрога, рече обвинителот. Не може да се исклучи терористички напад, но тоа не е водечка теза на истражителите.