Со мала свеченост во работничката населба во село Извор, беа прогласени најдобрите работници од Македонија ангажирани во кинеската компанија „Сонохидро“, кои работат на изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Ова е единаесетто прогласување на најдобри работници, од кои неколкумина овие признанија ги добиваат по втор пат. Една од најистакнатите работнички на оваа компанија ангажирана во земјава е Наташа Дамјаноска, која втор пат го добива ова признание.
-Признанието најдобар работник од земјава ангажиран во кинеската компанија „Синохидро“ за 2024 година, е комплимент кој според сите параметри и го заслужив. Ова е мое второ признание кое го добивам од страна на компанијата, што е уште една потврда дека мојот ангажман во„ Синохидро“ уште колку се вреднува. Мојот ангажман и наредните години ќе биде максимален и целосен и ќе продолжам со ист елан да ја вршам работата, а одговорните лица на компанијата ќе направат праведна еваулација кој од нашите работници го заслужува ова признание- истакна Дамјаноска, прездоволна што сертификатот најдобар работник за минатата година го добива по втор пат.
Вакви признанија за минатата година добија 19 работници од Македонија ангажирани од компанијата„ Синохидро,“ во изградбата на автопатот Кичево-Охрид. З.А