Долгогодишниот професионалец во ИТ-индустријата Суад Сефери ја објавува првата книга за вештачка интелигенција на Балканот, „АИ џрни“, со цел да едуцира како луѓето ефикасно да ја користат вештачката интелигенција (ВИ). Во време на неверојатен технолошки напредок, ВИ брзо се наметнува како клучна алатка во различни области – од работните места до креативните индустрии.
– Во мојата книга го истражувам односот помеѓу човечката креативност и капацитетите на ВИ. Поставувам прашања како тоа дали интелигенцијата што сме ја создале може да нè замени како автори, мислители или уметници и што значи тоа за иднината на човечката креативност – вели Сефери.
Како дел од промоцијата на книгата, Сефери најавува серија бесплатни работилници за употребата на вештачката интелигенција во различни професии. Работилниците ќе бидат профилирани за новинари, маркетери, професори и други професионалци. Учесниците ќе научат како да генерираат податоци за истражувачки стории, да создадат успешни кампањи и да развијат клучни слогани.
– Целта на овие работилници е да им помогнеме на луѓето да се запознаат со практичните аспекти на ВИ и да ги подобрат своите перформанси во професионалниот живот. Време е да ја отвориме стручната фела во Македонија за она што е модерно и што би било од особено значење – додава Сефери.