Фото: Пиксабеј

Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО), изјави дека повеќе од 800 милиони луѓе во светот живеат со дијабетес, пренесе „Анадолија“.

Гебрејесус сподели објава на социјалната мрежа „Х“ по повод вчерашниот Светски ден на дијабетесот.

 – Повеќе од 800 милиони луѓе во светот живеат со дијабетес – рече Гебрејесус.

Тој, исто така, истакна дека не секој има пристап до третманот и негата што им е потребна.

– Ги повикуваме сите земји да инвестираат во политики кои поддржуваат здрава исхрана, физичка активност и здравствени системи кои обезбедуваат превенција, рана дијагноза и третман на сите на кои тоа им е потребно – рече Гебрејесус.