Либанската милитантна група Хезболах потврди дека нивниот висок лидер, Хашем Сафедин, бил убиен во израелски воздушен напад врз јужен Бејрут пред околу три недели, јавува Анадолија.
Сафедин, кој беше шеф на највисокото политичко тело за одлучување на Хезболах, Извршниот совет, се очекуваше да биде избран за следниот лидер на групата по смртта на генералниот секретар Хасан Насрала во израелски воздушен напад минатиот месец.
Хезболах го опиша Сафедин како посветен лидер на групата, ветувајќи дека ќе продолжат со „патот на отпорот“ сè додека не ги постигнат своите цели за „слобода и победа“.
Израел соопшти дека Сафедин бил убиен во воздушен напад врз јужното предградие на Бејрут пред околу три недели.
Од минатиот месец, Израел спроведува голема воздушна кампања против цели на Хезболах во Либан, при кои, според либанските здравствени власти, најмалку 2.546 лица загинале, а над 11.860 се повредени од октомври минатата година.