На турнирот учествуваа 488 натпреварувачи од 41 клуб од пет држави

ЏУДО – „Трофеј на Никшиќ 2024“

Џудистите на прилепскиот клуб Сеишин остварија забележителен успех на традиционалниот, 15-ти по ред, меѓународен турнир „Трофеј на Никшиќ 2024“, освојувајќи вкупно пет медали, од кои по едно злато и сребро и три бронзи.
Со златен медал се закити Тамара Илиоска, сребро освои Теодора Илиоска, а бронзи Матеја Николоска, Дила Пупаловиќ и Марко Ацески. Петти места на турнирот остварија Јована Цветкоска и Елдина Пупаловиќ.
На овој турнир учествуваа вкупно 488 натпреварувачи од 41 клуб од пет држави, во мошне силна конкуренција. Сеишин, кој настапи со седуммина свои натпреварувачи, го предводеа искусните тренери Мартин Ристески и Дејан Мицкоски, кои, со оглед на големата конкуренција, изразија задоволство од видените борби и од постигнати резултати на овој традиционално квалитетен турнир. Како што информираат од клубот, џудистите на Сеишин продолжуваат со подготовките за следните меѓународни турнири што ги очекуваат во периодот што следува. Г.И.