Израелската полиција денеска соопшти дека пронашла доволно докази против премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата сопруга во третиот случај за корупција, што се води против него.
Властите сметаат дека Нетанјаху пружал „регулаторни услуги“ на „Безек телеком“, а за возврат добивал поволни извештаи за себе и сопругата на сајтот „Вала“, кој е во сопственост на телекомуникациската компанија.
Нетанјаху негира дека е виновен.
Ако биде подигнато обвинение, Нетанјаху ќе се соочи со една од најтешките ситуации за свој политички опстанок.
Полицијата претходно во текот на годината соопшти дека пронашла доволно докази против Нетанјаху во други два случаи што се водат против него, но конечнета одлука за подигнување на обвинение ќе ја донесе државниот обвинител.