Постер

Вечерва од 20 часот на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи концерт „Вечер на унгарски песни и танци“, што центарот ja реалиизира во соработка со Здружението на Унгарците Теледом и Амбасадата на Унгарија и е дел од меѓународната активност на институцијата.
На концертот ќе настапат оркестарот „Јухас“ и фолклорната група „Дуна Танода“ од Баја (Унгарија)
Оркестар „Јухас“ формиран е во 2000 година. Со текот на години станал еден од најистакнатите оркестри на народен мелос во Војводина, но и на сите територии со унгарско говорно подрачје. Добитници се на бројни награди и признанија како во Војводина, така и во Унгарија, но и во голем број на европски држави. Годишно одржуваат повеќе од 100 настапи со самостојни концерти или во придружба со фолклорни ансамбли.
„Дуна Танода“ е фолклорно друштво формирано 2019 година во градот Баја со намера да ги подучува младите за автентична, звучна вокална унгарска народна музика и народни танци.Учесници се на голем број на натпревари, фестивали, и смотри, дома и во странство претставувајќи ја унгарската култура и традиција.

Ка.М.