Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да ги намали цените на бензините. Од полноќ за денар ипол поевтинува Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизелот, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар.
Се намалува и малопродажната цена на Мазутот за 1,152 денари за килограм кој од полноќ ќе се продава по цена од 45,757 денари за килограм.
Според одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 81,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а дизелот по цена од 74 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 72,5 денари.