Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија треба да има свои претставници на вториот самит за Украина со цел да се обезбеди траен мир со Кремљ, по повеќе од две години војна.
– Верувам дека руските претставници ќе присуствуваат на вториот самит – рече Зеленски на прес-конференцијата во Киев, каде ја изложи подготвителната работа за следниот самит.
Првиот мировен самит за Украина се одржа минатиот месец во Швајцарија.