Министерот за здравство Арбен Таравари именуваше нови в.д. медицински директори во четири јавни здравствени установи, информираат попладнево од надлежното Министерство.
– На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) се именува професор доктор Марија Срцева. Во Специјализираната болница за нефрологија – Струга се именува доктор Берат Лена. На Универзитетскиот стоматолошки клининички центар „Свети Пантелејмон“ се именува професор доктор Цветанка Бајрактарова. На Универзитетскиот институт за клиничка биохемија се именува доктор Николина Гроздановска – наведуваат од Министерството за здравство во соопштението до медиуми.