Израел објави дека открил нови тунели во Појасот Газа, јави ДПА.
Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека е откриена „подземна рута“ во градот Зејтун во центарот на изолираниот крајбрежен појас. Оттаму Хамас ги планирал нападите против израелските војници.
Голема воена операција е во тек во областа Зејтун. Според Хагари, убиени се околу 30 терористи. Десетици пиштоли се запленети од едно училиште. Откриен е и тунел во источниот дел на Рафа во јужниот дел на појасот.
Во вечерните часови израелски борбени авиони нападнаа цели и во северниот дел на Појасот Газа, изјави портпаролот на армијата. Утрото на ова претходеше евакуација на цивилното население.
-Во последните недели се забележани обиди на палестинското исламистичко движење Хамас да ги обнови своите воени објекти. Секаде каде што имаме информации за такви обиди на Хамас, ќе дејствуваме, рече Хагари.