- Работниците и нивниот труд отсекогаш имале значајно место на страниците на „Нова Македонија“. Тие биле и се на пиедесталот како фундаментален фактор што ги создава добрата за просперитетот и развој на секое општество.
- Во тој дух, од нашата осумдесетлетна архива одбравме повеќе наши изданија и нивните факсимили што се уникатно новинарско сведоштво за придонесот на работникот и на неговиот труд кон општествениот просперитет, просперитетот на државата, на нацијата, семејството и поединецот.
- За читателите на „Нова Македонија“ редакцијата специјално ги одбра прилозите од 1945 до 1967 година.