Две другарки чачкалици во чаршија здогледале игла: – Види, робокап!
* * *
Шетале две чачкалици во парк, кога во тревата еж: – А бе, овие од партијата СЧПК* пак прават митинг!
*Со Чачкалица Против Кариес
* * *
Се јавува преку Ватсап едната чачкалица на другата: – Уште не ми стига шупелката. Кога ми ја прати преку ДХЛ?
– Имаме проблем.
– Каков?!
– Стопирале. Проверуваат да не сум руска шпионка.
* * *
Ѝ се жали чачкалицата на другарка си: – Готова сум. Онаа моја газдарица ме пикаше, ме пикаше меѓу заби и ме скрши!
– Барем си имаше динамичен живот. А мојана само со конец си ги чисти забите. Мене тотално ме заборави.