Албанија
Цитирајќи го годишниот извештај на Централната банка на Албанија, премиерот на Албанија, Еди Рама, во својот говор на Националната конференција за образование и стручна обука, во јавноста подвлече дека Албанија достигнала бројка од 1,5 милијарда евра директни странски инвестиции (СДИ). Во истиот контекст и на истиот настан, премиерот издвои дека Албанија била оценета од „Стандард и Пурс“ со ново ниво, за првпат, при што се искачи на стабилна позитивна Б+ од неколку години во ББ- и оти следниот чекор е ББ+.
– Минатата година, според извештајот на Централната банка на Албанија, достигнавме рекордна бројка од 1,5 милијарда евра странски директни инвестиции. Тоа е голем скок од постојаниот тренд од изминатите години, кој се движеше околу една милијарда, но што е само почеток на уште еден тренд да се оди на две, две и пол, три и четири милијарди – рекол Рама. Р.С.