Од претходно пласман меѓу 16-те најдобри обезбедија Баерн, Арсенал, ПСВ Ајндховен, Реал Мадрид, Интер, Сосиедад, Атлетико Мадрид, Лацио, Борусија Дортмунд, Манчестер сити, Лајпциг и Барселона

ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Утре и задутре на програмата се мечевите од последното, шесто коло сезонава во групната фаза на фудбалската Лига на шампионите (ЛШ), а од претходно 12 екипи обезбедија место во осминафиналето. За преостанатите четири места во трка се Копенхаген, Галатасарај и Манчестер јунајтед од групата А, Наполи и Брага од групата Ц, ПСЖ, Њукасл и Милан од групата Ф и Порто и Шахтер во групата Х.
Од претходно пласман меѓу 16-те најдобри обезбедија Баерн, Арсенал, ПСВ Ајндховен, Реал Мадрид, Интер, Сосиедад, Атлетико Мадрид, Лацио, Борусија Дортмунд, Манчестер сити, Лајпциг и Барселона. Од нив како првопласирани во ждрепката ќе влезат Баерн, Арсенал, Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Манчестер сити и Барселона и тие нема да играат меѓу себе во осминафиналето.
Извлекувањето на двојките за осминафиналето на програмата е на 18 декември. Победниците на групите ќе бидат извлечени да играат со второпласираните, а ниту една екипа не може да се соочи со друг тим од иста земја, а клубовите не можат да се соочат со противниците со кои веќе се сретнале сезонава во групната фаза. Н.М.


ЛШ, ДВОЈКИ, ШЕСТО КОЛО

ВТОРНИК
Група А: Манчестер ј. – Баерн, Копенхаген – Галатасарај
Група Б: Ленс – Севилја, ПСВ Ајндховен – Арсенал
Група Ц: Наполи – Брага, Унион Берлин – Реал Мадрид
Група Д: Интер – Реал Сосиедад, Салцбург – Бенфика

СРЕДА
Група Е: Атлетико Мадрид – Лацио, Селтик – Феенорд
Група Ф: Борусија Д.- ПСЖ, Њукасл – Милан
Група Г: Лајпциг – Јанг бојс, Црвена звезда – Манчестер с.
Група Х: Порто – Шахтер, Антверпен – Барселона