Фото: М.Т.

Фотовест

Во саботата беше весело во детското катче на Вториот национален саем на храна и пијалаци што се одржа во Градскиот парк во Скопје.
Јасна, Сунчица и нашиот соработник Филип се дружеа и работеа со десетици деца и реализираа две прекрасни едукативни интерактивни работилници.
Низ боење, поврзување, лепење и пишување учеа за автохтони семиња, за биодиверзитет, за лековити и зачински растенија. Тие научија дека семето е основа за нашата храна и се запознаа со семињата на неколку растенија. Исто така, тие научија и да разликуваат жалфија, рузмарин, ноктец, чубрика, лаванда…
Но најважно од сѐ, работејќи заедно, децата си помагаа едни со други и развиваа меѓусебна љубов и другарство.