ФОТО:Пиксабеј

Сајтот за резервации за сместување „Booking.com“ (Букинг) со месеци не исплатил пари на многу хотели и други партнери ширум светот поради како што вели „технички проблем“, пишува Гардијан.

Најмногу проблеми имаат партнерите на порталот во Тајланд, Индонезија и Европа.
Се чини дека стандардната процедура е тоа што корисникот резервира соба преку порталот и одлучува да плати однапред, по што сајтот ги зема тие пари и ги препраќа до хотелот без провизија.

Сепак, партнерите на Букинг пријавуваат проблеми со плаќањата уште од јули, а некои од нив изјавиле дека не примале исплати ниту многу месеци претходно, иако порталот редовно добивал исплати од корисниците, пренесува Танјуг.

Во август, Букинг Груп објави вкупен приход од 5,5 милијарди долари и профит од 1,3 милијарди долари за вториот квартал од 2023 година.