Берин Мухаед (Фото: Сојуз на средношколци)

Берин Мухамед, ученик во втора година во скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, е нов претседател на Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија. Тој беше избран денеска од делегатите на Третиот конгрес на Сојузот.

Негов противкандидат беше Ива Трпески, ученичка во средното училиште „Мирко Милески“ во Кичево, одговорна за администрација при Извршниот одбор на Сојузот. Мухамед има двегодишен мандат да го предводи Средношколскиот сојуз. Тиј и Ива беа дел од Извршниот одбор на Сојузот и координатор на младинските амбасадори.

Новиот средношколски лидер изјави дека како средношколец и младински активист ќе работи на унапредување на заложбите и работата на неговиот претходник Лука Павиќевиќ и на другите досегашни лидери на средношколците.

„Сакам да ја поддржам младинската работа, второ, ќе бидат учебниците затоа што немаме доволно учебници во училиште, некои фалат, некои се стари. Мислам дека е добра идеја да ги има печатени, а другите електронски“, рече Мухамед.

Тој ја поканил неговата противкандидатка Ива Трпески за прва потпретседателка на Сојузот, а таа во изјава за медиумите рече дека изборот бил организиран на демократски начин и дека Сојузот на средношколци, како што рече, е целосно сплотен.