Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31 отсто во однос на одлуката од 6 март 2023 година.
-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,684%, кај дизелот намалување за 2,149 отсто, кај екстра лесното масло намалувањето е за 3,079 отсто и кај мазутот има намалување за 0,996 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,003 проценти – информира РКЕ.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1 денар за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,5 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,321 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,667 денари.
Од 14 март 2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 77,5 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 41,667 (денари/килограм)
-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени – велат од РКЕ.