Дмитро Кулеба/Фото: Влада на Украина
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, изјави дека ниту еден европски лидер, освен францускиот претседател Емануел Макрон, не го иницира прашањето за безбедносните гаранции за Русија.
Во интервју за „РБЦ Украина“, Кулеба рече дека партнерите на Украина мора да разберат дека суштината на Русија нема да се промени без оглед на владата, пренесува „Унијан“.
Шефот на украинската дипломатија смета дека сега е важно да се надмине наративот дека Русија може да се претвори во либерална, демократска земја.