Талибанците ветија помеко владеење откако ја презедоа власта во Авганистан пред 16 месеци, по повлекувањето на американските трупи. Сепак, тврдокорните исламисти продолжија да ги укинуваат правата и слободите на жените во земјата. Неодамна, министерот за високо образование Неда Мохамед Надим нареди на национално ниво забрана за универзитетско образование за жени. Во март, Талибанците ветија дека повторно ќе отворат некои средни училишта за девојчиња, но го откажаа потегот само неколку дена подоцна.
Репресијата, исто така, следува по бранот нови ограничувања за жените во последните месеци. Во ноември, Министерството за добар морал им забрани на жените влез во паркови, спортски сали и јавни бањи во главниот град. Пред само три месеци, талибанците им дозволија на илјадници девојки и жени да полагаат приемен испит на универзитет во повеќето провинции.