„Македоника литера“ неодамна го објави романот „Павел, душко моја“ од современиот руски писател Алексеј Варламов, во превод од руски јазик на Ленче Тосева.
„Павел, душо моја“, што всушност е репликана на стихови на Пушкин, е искрена романса, роман за растењето, за првото вљубување, за првото сексуално искуство, за првата голема средба со реалниот живот, за храброста да се преиспитаат сопствените верувања и да се бранат пред другите. Тој е збунет поглед на советската реалност низ очите на некој што верувал во идиличниот и среќен живот од плакатите. Но не е носталгија за СССР, туку повеќе приказна за руското минато и предупредување за иднината. Тој е интрига, но мошне интересна.
Алексеј Варламов (1963) е руски прозаист, филолог, автор на неколку биографии на писатели и на романи, и универзитетски професор. Негови најпознати романи се „Менталниот волк“ (2014) и „Павел, душо моја“ (2018). Добитник е на петнаесетина книжевни награди, меѓу кои: „Александар Солженицин“, „Голема книга (Бољшаја книга)“ за „Менталниот волк“ и за „Алексеј Толстој“, „Октомври“ и „Студентски Букер“. Според неговиот роман „Менталниот волк“ е снимен игран филм. Го сметаат за еден од најдобрите стилисти во новата руска литература.
Негови дела се преведувани на неколку јазици. Овој роман е првото дело на Варламов објавено во Македонија.