Албанскиот премиер Еди Рама во Блед изјави дека за Албанија има само една дестинација а тоа е Европската Унија.
На 17 Бледски стратешки форум во Словенија, на прашањето за почетокот на преговорите за членство во ЕУ, Рама рече: „Не сум скептичен. Трагично сум оптимист. Мислам дека ова е духот на Балканот.
-Затоа да се биде скептичен подразбра да се биде циничен. Трагично песимистички значи да се самоубиеш. Трагично оптимист, трагично е, но мора да танцуваме. Ова е. Мислам дека тоа е духот на Балканот. Ние сме трагично оптимисти. Нè жалат луѓе кои не знаат како е животот на Балканот. Луѓето кои не знаат каков е животот на Балканот, нè сожалуваат. И нам ни е жал за нив, затоа што кога и многу пати нашиот живот, извинете за изразот, отиде по ѓаволите, ние никогаш не се откажавме – рече Рама.
Додава дека војната не го забрзала позитивниот одговор за почеток на преговорите на Албанија со ЕУ.
-Тоа не е точно. Војната не забрза ништо затоа што „да“ за Албанија беше таму, ако Бугарија не беше тука. Но, Бугарија е таму и ги зеде како заложници Северна Македонија и Албанија одамна, додека сите други беа подготвени да ни кажат „да“ по 8 години. Но, да се биде трагично оптимист значи дека е трагично да се чека 8 години. Но, добро е да се биде оптимист, бидејќи за Северна Македонија поминаа 17 години, па може да биде и полошо. Затоа подобро насмевнете се и продолжете понатаму. Значи Бугарија го создаде ова, а не Русија. Земја-членка на НАТО која зема за заложници уште две земји членки на НАТО додека војната започна. Можеби оваа војна ги натера нашите европски пријатели, особено Емануел Макрон, кој беше и следниот претседател на Советот во тоа време, да бидат повеќе склони целосно да останат без спиење, а јас бев со него 24 часа на Самитот на НАТО за да ја убедам Бугарија дека тоа не е добра идеја и ете се реши – рече Рама, пренесува албанската новинска агенција, АТА.
Според него да се биде трагично оптимист е поврзан и со друг факт а тоа е дека „немаме друг избор, имаме само еден избор“.
-И кога луѓето ми велат благодарам што си толку трпелив. Велам, дали имаме друг избор? Не. Затоа треба да бидеме трпеливи и да одиме напред, само поради една причина. ЕУ е единственото безбедно засолниште за да останат земји како нас. За нас постои само една дестинација а тоа е ЕУ, било да е тоа во овој век, следниот или тој после него. Како што кажав, ќе одиме таму дури и да нема никој друг. Ќе одиме таму – нагласи Рама.
Запрашан како би изгледала Европа на уметничка слика, Рама (кој по занимање е склуптор) рече: „Не би се осмелил да ја насликам, но во моментот изгледа како дупката на Луцио Фонтана и да видиме што има таму до моментот кога ќе дознаеме дали навистина има светло или сме во длабока дупка“.