Фото: Обединети нации

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека ризикот од нуклеарна конфронтација се вратил по децениското отсуство, и ги повика земјите со нуклеарно оружје да се заложат дека нема да бидат први што ќе го користат.

-Секој напад на нуклеарна централа е „самоубиствен“ – предупреди Гутереш, мислејќи на новото гранатирање на украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа.

-Се надевам дека тие напади ќе престанат. Во исто време, се надевам дека МААЕ ќе може да добие пристап до централата – додаде генералниот секретар на ОН.

Гутереш тоа го изјави на прес-конференција во Токио, откако присуствуваше на комеморативната церемонија во саботата по повод 77-годишнината од првото атомско бомбардирање во светот.