Во Црна Гора е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници кај црногорски државјанин кој е во добра општа состојба, соопшти денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
-Лабораторијата на Одделението за молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, во соработка со Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, го откри и го потврди првиот случај на мајмунски сипаници – соопшти ИЈЗ.
Во соопштението се наведува дека се спроведени сите неопходни мерки за пациентот и неговите контакти, со цел да се спречи ширењето на болеста.
Со тоа, Црна Гора е вклучена во списокот од 79 земји каде што се регистрирани мајмунски сипаници.