Меѓународната организација за стандардизација (ISO) во 1967 год. првпат почна да се занимава со претставување симболи за јазици и земји. Првиот стандард од таа област е издаден во ноември 1967 г., под името ISO 639/R:1967 како препорака. Работната група (ISO/TC 37 под водство на Oesterreichischer Normenausschuss) почнала да работи на оваа препорака во 1951 г., а во 1964 г. е претставена оваа препорака како драфт-верзија. Одобрена е од 24 земји-членки во 1967 г. Во овој стандард-препорака во ниеден анекс го нема македонскиот јазик ни посебно ни како дел од групата словенски јазици. Во 1988 г., ISO 1967 R е повлечен и на негово место е усвоен ISO 639:1988, но не како препорака ниту како симбол, туку како Кодови на претставување на имињата на јазиците. Во ова издание се појавува и македонскиот јазик, и тоа:
За првпат се споменува и како дел од словенската група на јазици со даден индекс 866.
Последната верзија на групата на ISO 639 стандарди е составена од:
ISO 639-1: 2002 Codes for the representation of names of languages — Part 1: Alpha-2 code (Кодови на претставување на имињата на јазиците – Дел 1: Алфа-2 код)
ISO 639-2: 1998 Codes for the representation of names of languages — Part 1: Alpha-3 code (Кодови на претставување на имињата на јазиците – Дел 3: Алфа-3 код)
ISO 639-3: 2007 Codes for the representation of names of languages — Part 3: Alpha-3 code for comprehensive coverage of languages
(Кодови на претставување на имињата на јазиците – Дел 2: Алфа-2 код за сеопфатна покриеност на јазиците)
ISO 639-4: 2010 Codes for the representation of names of languages- Part 4: General principles of coding of the representation of names of languages and related entities, and application guidelines (Кодови на претставување на имињата на јазиците – Дел 4: Општи принципи за кодирање на застапеноста на имињата на јазиците и сродните ентитети и упатства за аплицирање)
ISO 639-5: 2008 Codes for the representation of names of languages – Part 5: Alpha-3 code for language families and groups (Дел 5: Алфа-3 код за јазични семејства и групи)
Од сите овие стандарди, како македонски во Македонија се усвоени само:
МКС ISO 639-1: во 2021 г. и
МКС ISO 639-2: во 2018 г.
Во ISO 639-1 помеѓу другите јазици стои и македонскиот, и тоа во табела 1 Alpha-2 code:
и во табела 2 од истиот стандард:
Во ISO 639-2 помеѓу другите јазици стои и македонскиот, и тоа во табела 1- Alpha-3 code:
Овие два стандарда, ISO 639-1 и ISO 639-2, се најбитните стандарди во оваа група на стандарди и се усвоени од поголемиот дел земји-членки на ISO или околу 170 земји, без никакви амандмани, претставки, фусноти, туку така како што пишува во табелите погоре. Тие се подготвени од ISO, која направила работна група т.н. Технички комитет ISO/TC 37 – Terminology and other language resources. Составена е од 33 земји-членки што активно учествуваат и имаат право на глас и девет земји-членки како набљудувачи без право на глас. Во оваа работна група, Македонија нема свој претставник и нема кој да ги застапува националните интереси.
Разликата помеѓу ISO 639-1 и ISO 639-2 е во следново:
lISO 639-1 е првенствено претставен за употреба во терминологијата и вклучува идентификатори за главните јазици во светот за кои се развиени специјализирани терминологии и е наречен код претставен со два карактери (mk);
lISO 639-2 е првенствено претставен за употреба во библиографска документација и терминологија. Вклучува идентификатори за сите јазици што се претставени во дел 1, како и за многу други јазици што имаат значајни тела на литература. Исто така, обезбедува идентификатори за групи јазици, како што се јазичните семејства, кои заедно индиректно ги покриваат повеќето или сите јазици во светот и е наречен код претставен со три карактери (mkd и mac).
Авторитети што ги регистрираат овие кодови се:
lЗа ISO 639-1 е International Information Centre for Terminology (Infoterm)
Simmeringer Hauptstrasse 24, A-1110
Vienna, Austria
lЗа ISO 639-2 е Library of Congress
Network Development and MARC Standards Office
101 Independence Ave. SE,
Washington, DC 20540-4402, USA
lЗа ISO 639-3 е SIL Internationa
ISO 639-3 Registrar
7500 W. Camp Wisdom Rd.
Dallas, TX 75236, USA
На европско ниво, европските тела за стандардизација CEN и CENELEC ги немаат усвоено како европски стандарди, туку секоја европска земја ги усвојува како свои стандарди преку Меѓународната организација за стандардизација (ISO) онакви какви што се во оригинал.
Љупчо Давчев
Авторот е магистер по технички науки од областа на енергетското машинство, член на управниот одбор на ISO (Меѓународна организација за стандардизација) и член на управните одбори на CEN и CENELEC (европски тела за стандардизација)