Издавачката куќа „Македонија презент“ ја објави новата поетска книга „Триод, триади“ од Христо Петрески. Книгата содржи вкупно 80 песни, во кои се опеани теми од секојдневието, современоста, егзистенцијата, делникот, иднината…
Христо Петрески негува концизен и лапидарен исказ, па и сите песни во книгата се од три строфи, односно се во форма на триади. Во духот на тој од авторот таканаречен триод се испишани стихови создадени за време на пандемијата, кога творците во изолација беа главно свртени кон себеси и интензивно создаваа свое ново творештво.
Инаку, со оваа поетска книга Петрески го заокружува својот творечки поетски циклус создаден во карантински услови поради ковид-19.