Инфлацијата во 19 членки на еврозоната достигна рекордно ниво во мај, од 8,1 отсто, во однос на претходната година, што е највисока бројка од воведувањето на заедничката валута во 2022 година
Инфлацијата на потрошувачките цени во еврозоната се искачи на највисоко ниво досега. Потрошувачките цени во еврозоната се зголемија за 8,1 отсто на годишно ниво во мај, што е рекорд од воведувањето на единствената валута и далеку над целта на Европската централна банка (ЕЦБ) од два отсто. Јазот помеѓу највисоките и најниските стапки на инфлација меѓу 19-те земји-членки на валутниот блок сериозно се зголеми. Скалата се движи од Малта, со стапка на инфлација од 5,6 отсто во мај, до Естонија, каде што инфлацијата достигна 20,1 отсто минатиот месец, што е разлика од 14,5 отсто. Се очекува ЕЦБ да ги зголеми каматните стапки во наредните недели, како резултат на растот на цените на храната и енергијата, поттикнати од затворената побарувачка на потрошувачите за време на пандемијата на ковид-19 и конфликтот во Украина. Еврозоната е монетарна унија во рамките на Европската Унија, каде што членките го усвоија еврото како примарна валута и законско средство за плаќање.