Јапонија во понеделник го најави долго очекуваното подигање на стапката на ДДВ следната година, со што сака да го намали огромниот јавен долг и покрај предупредувањата за можно негативно влијание на тој потег врз економскиот раст.
Стапката на ДДВ ќе биде подигната од осум на 10 отсто во октомври следната година. Првично требаше да биде подигната во октомври 2015 година, но владата двапати го одложуваше тој потег стравувајќи дека ќе биде нарушено кревкото економско закрепнување.
Се смета дека заради зголемувањето на стапката на ДДВ во април 2014 година економијата влезе во рецесија.
Премиерот Шинзо Абе смета дека овој пат со мерките ќе успее да го спречи наглиот пад на личната потрошувачка.