Контингент на Безбедносните сили на Косово (ФСК) отпатува денеска за Германија, каде што ќе учествува на меѓународната воена вежаба „Комбинирано решение 22“ (Combined Resolve 22) во базата на американската војска „Хохенфелс“, јавува МИА.
Како што соопшти ФСК, вежбата „Комбинирано решение“ се одржува секоја година, со учество на земјите на НАТО и неговите пртнери опод водство на американските сили.
– Вежбата е дизајнирана да симулира сценарија на непрекината војна и се одвива со учество на многу оклопни возила, како и средства на военото инженерство, деминирање, разузнавање и слично-се наведува во соопштението на ФСК.
Косовскиот министер за одбрана, Арменд Мехај на својата страница на Фејсбук напиша дека „целта на оваа вежба тестирање на интероперабилноста на армиите на НАТО со земјите партнери и развој на критични борбени вештини за да им се помогне на партнерите да победат на модерното бојно поле“.
– Продолжуваме заедно со американските сили и другите сојузници кон нови успехи-порача Мехај.