Шефот на рускиот преговарачки тим со Украина Владимир Медински изјави денеска дека руската страна инсистира на „сеопфатен договор“ со Украина, каде освен неутралниот статус на Украина и безбедносните гаранции, ќе биде вклучени и точки кои се од витално значење за Руската Федерација.
-Малку е веројатно постигнување договор со Киев без демилитаризација, денацификација, признавање на Крим и Донбас – изјави Медински.
Тој вели дека руската страна инсистира и на уште некои точки, без кои, исто така, е малку веројатно постигнување на договор.
Медински посочи, дека и двете страни во преговорите се повеќе се приближуваат во разбирањето на помалку важните прашања, но додаде дека е постигнат ограничен напредок за клучните прашања.