Полициски службеници на СВР Тетово, вчера ги лишиле од слобода Б.М. (31) и Н.М. (42) од Тетово, информираат од МВР и додаваат дека тие се сомничат дека заедно со Ш.Ш. (35), исто така од Тетово, кој беше приведен на 10.03.2022, биле инволвирани во десетина измами, кои од септември минатата до март оваа година биле извршени на тетовско-гостиварското подрачје.
По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.