Рeгулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 отсто во однос на Одлуката од 24 јануари годинава.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за еден денар/литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,5 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,509 денар/килограм и сега ќе изнесува 44,722 ден/кг.
Од 1 февруари, од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 79,5 (денари/литар),
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 81,5 (денари/литар),
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е В) 71,5 (денари/литар),
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,5 (денари/литар),
Мазут М-1 НС 44,722 (денари/килограм).
Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 1,601%, кај дизелот за 0,766% , кај екстра лесното масло за 0,086 % и кај мазутот за 0,271%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,005% .