По повод големиот христијански празник Божиќ, општина Битола организира божиќен концерт.
Концертот на кој ќе настапат машкиот хор „Свети Нектариј Битолски“ и женскиот хор „Света Макрина“, ќе се одржи в недела на 09.01.2022 година, во Офицерскиот дом во Битола, со почеток од 19.00 часот.
Заради почитување на протоколите за заштита од ковид-19, заинтересираните граѓани ќе можат да набават бесплатни влезници во недела од 9.00 до 14.00 часот во кино „Манаки“.
М.М.