По премиерата на продолжението на „Сексот и градот“
Култната серија „Сексот и градот“ повторно се враќа на малите екрани, со поднаслов „И едноставно така“. На премиерата на новото поглавје во Њујорк, главните хероини Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис блеснаа во сензационални тоалети. Сара (56) воодушеви во креација на Оскар де ла Рента, што потсетува на Кери Бредшо, нијанса на синосива боја со бледорозово здолниште од тил што ѕирка одоздола. Синтија (55) на себе имаше смела, но сепак елегантна портокалова тоалета, а Кристин (56) зрачи со елеганција во темносин фустан. Недостигаше само Ким Картал (Саманта), која наводно не е дел од продолжението поради караницата со Сара Џесика Паркер.
Премиерата се одржа 17 години по финалето и 13 години по прикажувањето на играниот филм од 2008 година. Оригиналната серија, која се емитуваше од 1998 до 2004 година, создаде два филма како продолженија. Критичарите се поделени околу тоа дали вредело враќањето на малите екрани.
– Најголемиот потенцијал на серијата е во искреното прикажување на профилот на жените од 55 години, возраст што никогаш не е во центарот на филмските и телевизиските приказни – се вели во некои од критиките.
А други велат дека покрај пропустите, има одлични реплики и одвреме-навреме се јавува духот на старата серија, па можеби во продолжението впечатокот ќе
се поправи. Според „Редио тајмс“, продолжението никогаш не требало да биде снимено без Саманта (Ким Картал), бидејќи сѐ изгледа како „студен, циничен, деловен потег, отколку како вистинско враќање“.