Туршијата и киселата зелка како природни аптеки
Тајната на чувањето на здравите особини на овошјето и зеленчукот е ферментацијата, поради што теглите со туршија и бурињата со кисела зелка се вистински домашни аптеки, со лекови за многу болести, па дури и за коронавирусот.
– Храната е лек ако правило се користи, но исто така може да биде и штетна, па затоа тоа треба да водиме сметка што јадеме. Зимницата нуди низа здравствени бенефиции, но само онаа што е ферментирана: киселата зелка, краставиците, туршијата – велат балканските нутриционисти.
Ферментираните намирници му обезбедуваат на организмот здрави бактерии што му се неопходни заради урамнотежување на цревната флора. Најважното кај зимницата е тоа што со ферментацијата се зачувани витамините и ензимите во храната.
– Ензимите се искри на животот. Тие учествуваат во сите метаболички процеси во нашиот организам. Ги внесуваме само со свежо овошје и зеленчук и доста се термолабилни, што значи се расипуваат брзо, дури и при благ пораст на температурата. Затоа, ферментираната зимница е многу подобра и поздрава од пастеризираната, бидејќи при приготвувањето не губи ништо од хранливите вредности – објаснуваат нутриционистите.