Пoртугалија, една од земјите со највисок процент на вакцинирани жители, повторно воведува некои ограничувања за да го спречи порастот на инфекциите со Ковид-19.
Властите наведоа дека сите патници кои доаѓаат во земјата, дури и оние кои се целосно вакцинирани, мора да приложат негативен тест при пристигнувањето, пишува „Ројтерс“.
– Не е важно колку е успешна програмата за вакцинација. Треба да бидеме свесни дека влегуваме во фаза на поголем ризик. Гледаме значително зголемување на бројот на нови случаи во ЕУ, а Португалија не е остров – изјави премиерот Антонио Коста на денешната прес-конференција.
Коста, исто така, најави дека оние кои се целосно вакцинирани мора да покажат негативен тест за коронавирус кога влегуваат во ноќни клубови, барови, настани и домови за стари лица, а носењето маски во затворен простор повторно е задолжително.