Политиката на Бугарија кон Македонија останува непроменета, како што истакна привремениот бугарски премиер Стефан Јанев во интервјуто за „БНТ“. Тој напомена дека Бугарија го соопштила својот став во однос на позицијата кон Македонија, на тамошната јавност, но не и пред партнерите од ЕУ.
Она што го наследивме на почетокот на мај, додава Јанев, е дека бугарската позиција не беше добро комуницирана со нашите партнери во Европската Унија.
– Објаснуваме и нема да отстапиме. Станува збор за бугарскиот национален интерес и правата на граѓаните на земја членка на ЕУ – категоричен беше Јанев.