Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против 21-годишен гостиварец за кривично дело тешки дела против општата сигурност.
На 1 мај минатата година обвинетиот со испукување дијабола од воздушна пушка предизвикал значителна опасност за животот и телото на еден оштетен.
Имено, обвинетиот, оштетениот и уште четворица другари биле во викенд-куќа во селото Сретково, па во еден момент обвинетиот од гаражата извадил воздушна пушка и започнал да нишани кон својот пријател.
Оштетениот реагирал со барање да не го прави тоа, но обвинетиот сепак нанишанил и испукал една дијабола кон оштетениот, погодувајќи го во слабината од десната страна и нанесувајќи му тешки телесни повреди.
Иако бил свесен дека со стореното може да настапи штетната последица, обвинетиот лекомислено сметал дека ќе може да ја спречи или дека таквата последица нема да настапи, со што го сторил наведеното кривично дело.