Западен Балкан е многу важен за новиот министер за надворешни работи на Австрија, Михаел Линхарт и тој смета дека ЕУ мора уште повеќе да ја подаде раката кон тој регион, пренесуваат медиумите во регионот.
– Западен Балкан ни е близок. ЕУ мора уште повеќе да им подаде рака на тие земји – објаснува Линхарт за виенскиот весник „Хојте“.
Инаку, откако ја презеде функцијата, Линхарт ја избра Босна и Херцеговина како прва дестинација за службено патување, со што испрати сигнал дека Западен Балкан сè уште е приоритет на надворешната политика на Австрија.