Истражувањето на „Мотли фул“ покажа дека речиси 70 проценти од милионерите се загрижени кога нивните деца ќе наследат премногу пари. Актерот Даниел Крег, милијардерот Ворен Бафет и бизнисменот Кевин О’Лири се меѓу оние што јавно ја изразија оваа загриженост, а бројот на заинтересирани богати за ова прашање расте.
Истражувањето опфатило 2.000 луѓе, чие богатство изнесува повеќе од милион долари, а биле прашани за нивниот однос кон наследството. Впрочем, 67 проценти од нив изјавиле дека се загрижени за можноста да им остават премногу пари на своите деца. Како причини за ова го навеле „неодговорното трошење“, или дека тоа ќе им предизвика мрзливост.
Она што е јасно е дека богатите се загрижени за последиците од оставањето големо богатство. Тие се совесни и размислуваат како да им го отстапат наследството под услови што ќе ги принудат на нивните потомци да размислат кои вредности се важни, како на пр. напорна работа, добро школување и пронаоѓање добар пат во кариерата – вели Џек Капорал, истражувач во „Мотли фул“.
Меѓутоа, 85 проценти од оние што самите наследиле големо богатство изјавиле дека е можно тие да им дадат големо богатство на своите деца – 84 проценти од оние што наследиле помеѓу половина милион и милион долари го имаат ова мислење. За Капорал, овој став е последица на лични искуства.
Меѓу оние што наследиле богатство во вредност од 100.000 долари до половина милион се 78,5 проценти, кои исто така би им оставиле богатство на своите деца, додека 69 проценти од оние што наследиле богатство вредно помалку од 100.000 долари би го направиле истото тоа.
Според ова истражување, 60 проценти од испитаниците веруваат дека е многу важно богатството да го наследат нивните потомци, додека 34 проценти од испитаниците потврдиле дека планираат половина од своето богатство да го дадат на нивните потомци, пишува „Си-ен-би-си“.