Археолошкиот локалитет Хераклеја во иднина ќе биде достапна за сите граѓани, како и за лицата со инвалидитет.
Во рамките на “Смарт – кул-тур “проектот финансиран од ЕУ преку ИПА фондовите за прекугранична соработка поставени се лифт и метални пристапни рампи со кои се совладани архитектонските бариери во локалитетот.
Со ова лицата со инвалидитет ќе можат да ги следат културните настани кои се одржауваат во Херајлеја, а и да го разгледаат локалитетот.
Во рамките на овој проект направени се и други инфраструктурни пристапни зафати, а целосно реконструиран е и таканаречениот Римски пат кој води до локалитетот, осовременет е музејскиот простор, а изработени се и на аудиоводичи на седум јазици.
– Општина Битола во реализацијата на овој проект за прекугранична соработка издвои значајни средства со кои се направени сериозни инфраструктурни зафати во делот на пристапност до самата Хераклеја со таканаречерниот Римски пат каде целосно е преуреден коловозот, архаично е адаптиран на локалитетот, целосно е променето осветлувањето. – рече Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола.
Покрај Општината Битола партнери во проектот се и општината Пустец, Албанија Завод и музеј- Битола, Регионален директорат за култура од Корча и МКЦ- Битола. Вкупниот буџет за „Смарт-кул-тур“ е 704.590 евра, од кои 85 проценти ги обезбедува ЕУ, а останатите 15 проценти државата.
– Ја поддржавме реконструкцијата на Римскиот пат за да се врати неговиот првобитен изглед, помогнавме да се подобри пристапот на локалитетот за посетителите, вклучително и на оние со попреченост. Повеќе луѓе ќе можат да уживаат во убавините на локалитетот“, рече евроамбасадорот Дејвид Гир при денешаната промоција на адапатциите во Хераклеја, кој притоа додаде дека од албанска страна со овој проект се реконструираше постоечката стара училишна зграда, во која ќе има поставка на Стерјо Спасе во село Глобочани, Општина Пустец,
– Со ова се прави значен придонес за прекуграничната соработка во регионот кој долгорочно има за цел да го зголеми квалитетот на туристичката понуда со поширокиот регионален опфат почнувајќи од Битола преку Преспа до Корча. За прекуграничната соработка развиени се уште 5 туристички пакети за регионот Пелагонија –Корча – рече премиерот Зоран Заев кој денес ја посети Херајлеја.
М.М.